Пекол за Ливерпул: Едно од засилувањата на Клоп во „аут“ до крај на годинава!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот новинар Пол Џојс објави дека Ливерпул ќе остане без услугите на новото засилување Луис Дијаз затоа што е повреден и се очекува да се врати дури по Мундијалот.

Ова е ужасна вест за Ливерпул, кој игра очајно од почетокот на сезоната и се наоѓа далеку од битката за титула.

Тренерот на клубот, Јирген Клоп кажа дека веќе е загубена битката за титулата за нив и ќе се бори барем да заврши во топ-4, иако засега резултатите не им одат во прилог.

Клоп притоа има сериозни главоболки поради повредените фудбалери, а веќе не може да смета на Диего Жота, Тиаго Алкантара, а исто така не може да смета ниту на Робертсон, Наби Кеита, Окслејд-Чемберлејн, Џоунс и други.