Пеколен план: Реал Мадрид ќе ослободи над 100 милиони евра за плати!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големата реконструкција на Реал Мадрид ќе се случи следното лето, а екипата веќе работи на продажба на дел од фудбалерите.

Реал Мадрид се активираше по поразот од Барселона со 0-4, па тимот ова лето ќе се обиде да продаде тројца фудбалери, меѓу кои се Лука Јовиќ, Маријано Дијаз и Еден Азар.

Ако успее да се ослободи од овие тројца, тогаш Реал ќе ослободи простор од 50 милиони евра за плати, но и ќе добие одредени средства за нови трансфери.

Клубот се очекува да го напуштат и Герет Бејл, Марсело и Иско, а тие тројца заработуваат околу 60 милиони евра.

Секако, овие пари ќе бидат искористени кон главните цели, а тоа најпрво е потписот со Килијан Мбапе.