Пенал лотаријата одлучи: Милан во одличен дуел ги надигра Баварците


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан после лотарија на пенали го победи Баерн 8:6 (3:3 во регуларниот дел) во натпревар од International Champions Cup во Чикаго.

Росонерите подобро го отворија натпреварот, Сусо беше опасен во 4 и 7 минута, а двата удари отидоа покрај голот. Во 15 минута се затресе мрежата на Баварците после уфрлувањето на Сусо, но судијата оправдано го поништи голот, бидејќи Нианг кој ја допре топката беше во офсајд.

Баерн  конечно ги видовме кога на средината уфрли Рибери, со глава шутираше Бадштубер од осум метри, но Донарума тоа го одби.

Подобрата игра на почетокот Милан ја круниса во 23 минута. Погреши одбраната на Баерн, Нианг сам отиде кон Улрајх, на крајот рутински погоди за 1:0.

Во 29 минута Рибери се врати на почеток.

После уфрлувањето од лева страна остана сам и неодбранливо постигна гол од 14 метри. До целосен пресврт Баерн стигна во 38 минута кога одлично од 20 метри се шутираше Алаба и со исклучителен и прецицен удар во долниот агол донесе на Баварците 2:1.

Милан израмни одма на почетокот од продолжението, во 49 минута, речиси од ништо, не успеа одбраната на Баерн да расчисти, топката се одби до Бертолачи кој од седум, осум метри ја смесни топката во мрежата за 2:2.

Само две минути подоцна Сусо можеше да донесе  на Росонерите и целосен пресврт, но ударот отиде прек угол. Сепак, во 61 минута со доста среќа стигнаа до ново водство. Куцка шутираше од речиси 30 метри, топката на патот до голот допре некој и ја промени насоката и го измами Улрајх

Фелдах во 70 минута го избегна вниманието  на одбраната на Милан после уфрлувањето на Алаба, но обидот со глава отиде покрај голот. Само две минути подоцна во одлична шанса на 10-тина метри се најде Бернат, но ударот заврши за малку крај корнер знаменцето.

Во 81 минута Матри можеше да ги реши сите прашања на победникот после што Улрајх погрешно процени уфрлување, меѓутоа ударот на напаѓачот на Милан заминува преку голот.

Баерн до израмнување стигна во 90 минута кога сигурно од пенал погоди Рибери.

Казнетиот удар го направи Вергара кој го сруши Бернат.

Кога после 90 минути немаше победник, одлуката беше низ лотарија на пенали. А таму трагичар кај Баварците беше Рафиња ко јво четвртиот удар од серијата му го одбрани ударот Донарума. Кај Росонерите погодија сите пет изведувачи, а победата на донесе Бонавентура.