Пензија за најдобриот во историјата: „Докторот“ Роси стави крај на кариерата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Валентино Роси на 42-годишна возраст ја заврши својата кариера, откако на трката за Големата награда на Валенсија ги извозе последните кругови и заврши со Мото ГП шампионатот.

Најдобриот мотоциклист во историјата од 2000 година беше дел од Мото ГП категоријата, а претходно се натпреваруваше во послабите натпреварувања и освои две шампионски титули, додека во најсилната класа седум пати беше шампион.

Во 2009 година беше за последен пат првак, по што неговата кариера тргна во надолна линија, но не може никој да го расипе неговиот успех во претходните години.

На трката во Валенсија славеше Франческо Бањаја, но неговиот триумф остана во сенка на Роси, кој заврши како 10. пласиран и тоа за последен пат во неговата кариера.