Перез го нападна Чеферин: Ни се заканувате со месеци, ама Суперлигата ќе почне!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез заедно со Андреа Ањели е главен заговорник на Суперлигата, а тој и понатаму не се откажува од неговиот проект.

Човекот кој ги создаде „галактикосите“ е познат по купување на скапи засилувања, па сака да обезбеди повеќе пари за својот тим, а во тоа очигледно нема да го спречи ниту УЕФА.

Шпански „АС“ открива дека Перез постојано е под притисок на Александер Чеферин и УЕФА, но сепак нема да се откаже од идејата.

„Уште во јануари добивме закани од УЕФА. Ние сакавме да разговараме и со УЕФА, а тие не ни дадоа време. Ја изманипулираа јавноста со оваа ситуација како што никогаш досега не сум видел. Кога ја објавивме идејата, Чеферин продолжи со заканите“, вели Перез.

Перез вели дека проектот ќе се одржи и Суперлигата ќе почне наскоро.

„Клубовите потпишаа договор и не може да ја напуштат Суперлигата. Некои мораа да се повлечат поради притисок, но овој проект наскоро ќе се случи“, вели Перез.