Перез на новите снимки ги нападна Гути и Фиго: Морон и човек кој ја уништи екипата!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Потресот во Мадрид не се смирува затоа што денеска беа објавени нови тајно снимени разговори во кои претседателот на Реал, Флорентино Перез повторно критикува фудбалери.

Шпански „Ел Конфиденсијал“ утрово објави осми пакет на снимки во кои Перез повторно зборува погрдно за поранешни фудбалери на Реал Мадрид.

Перез имал лош однос со Раул, Икер Касиљас и Кристијано Роналдо, но на новите снимки може да се слушне дека неговиот однос со Гути бил најлош.

Објавена е снимка од 2007 година, кога Перез не беше во клубот, а на која зборува против Гути откако го продолжи договорот до 2010 година.

„Не верувам дека Калдерон се измами со Гути зашто тој одигра два добри меча“, вели Перез.

Перез тука не запира, па во 2012 година е снимен нов разговор во кој го критикува и Гути, а овој пат не му се допадна тоа што поранешниот фудбалер потпишал договор со „Кадена СЕР“ за тручен коментатор.

„Гути е глупак. Тој не е способен за такво нешто. Тој на себе си е најголем непријател“, кажал Перез.