Перез подготвил изненадување: Реал го нуди Модриќ за ѕвезда од Серија А!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текот на летниот преоден рок се очекуваат големи промени во редовите на Реал Мадрид, каде што треба да пристигнат неколку звучни имиња.

Во претходните денови се шпекулира дека Лука Модриќ ќе го напушти „кралскиот клуб“, а сега тој се поврзува со спектакуларен трансфер во Италија.

„Диарио гол“ пишува дека Хрватот ќе биде искористен во мега-размена со Интер, од каде што треба да пристигне Мауро Икарди во Мадрид.

Секако, Реал Мадрид освен Модриќ на Интер ќе му понуди и дополнителни 40 милиони евра, па ова изгледа како прифатлива понуда за „нераѕурите“ во моментов.

Сепак, Икарди не е единствен фудбалер кој се поврзува со трансфер во Мадрид, зашто „кралевите“ претходно покажаа интерес и за Лука Јовиќ, па на лето се очекуваат конкретни потези.