Перез во јануари за 50 милиони евра носи ѕвезда на Ливерпул


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Веќе долго се зборува за тоа дека Реал Мадрид сака следното лето како слободен играч да го доведе Трент Александер-Арнолд, но работите очигледно се забрзале.

Навивачите на Ливерпул дознаа за судбината кога станува збор за тоа каде ќе ја продолжи својата кариера Трент Александер-Арнолд.

Имено, управата на Ливерпул се согласи на понудата на Реал Мадрид, и во јануари ќе го продаде својот заменик капитен, но за многу добра сума на пари.

Ливерпул се одлучи на тој потег бидејќи е подобро да заработат, отколку да си замине на крајот од сезоната како слободен играч и да немаат ниту него, ниту пари.

Уште од својата шеста година Александер-Арнолд е член на Ливерпул, и го помина целиот младински систем на овој тим и се разви во еден од најдобрите десни бекови во светот.

„Дефенса Сентрал“ јавува дека Ливерпул одлучи да ја прифати понудата од 50 милиони евра за својот десен бек што стигна на нивната адреса.

.