Пике се обидел да одложи меч поради концерт на Шакира


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанската јавност можеше да слушне за разговорите на дефанзивецот Серхио Рамос кој барал помош од Луис Рубиалес во 2020 година да ја освои „Златната топка“, но и големото барање на Жерар Пике.

Рубиалес разговарал со Пике од Барселона во 2019 година, кога дефанзивецот побарал од првиот човек на шпанскиот фудбал да го одложи мечот против Романија затоа што неговата поранешна девојка Шакира имала настап на истиот ден.

Рубиалес му ветил дека ќе направи сè што може, но сепак натпреварот на крајот не можел да биде одложен и се одиграл во предвидениот термин.

Шакира и Пике се разделија по 12-годишна љубовна врска, а засега точната причина не е позната, иако имаше шпекулации дека тоа се случи поради неверство.