Пике: Со ваква игра тешко ќе ја освоиме Лигата на Шампионите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона не успеаа да ја победи Славија Прага во натпреварот од 4. коло од Лигата на Шампионите.

Каталонскиот тим во последно време не не воодушевува со својата игра, а после поразот во првенството, синоќа избраниците на Валверде ремизираа на домашен терен против Славија (0:0).

Во соблекувалната на Барселона, оправдано, владее загриженост после новиот кикс.

„Оваа ситуација мораме да ја решиме што побрзо и тоа со мирна глава. Факт е дека не играме онака како што сакаме, но сеуште сме на добра позиција во првенството и во Лигата на Шампионите. Сеедно, мораме да се подобриме бидејќи со ваква игра ќе биде многу тешко да ја освоиме Лигата на Шампионите“, изјави Герард Пике.

Новиот блед натпревар на екипата од Каталонија значи дека клупата на Ернесто Велверде се посилно почнува да се треси, но…

„Присетете се само на 2015. година кога не водеше Луис Енрике. На отварањето на сезоната бевме прилично неуверливи, но на крајот ја освоивме тројната круна“, се присети искусниот дефанзивец.

Додатен проблем за Барселона во овој момент претставува и тоа што Пике поради суспензија ќе биде приморан да го пропушти наредниот натпревар против Борусија Дортмунд.