Пикфорд може да биде горд зашто израмни рекорд од 1966 година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англија со головите на Рахим Стерлинг и Хари Кејн ја елиминираа Германија од Европското првенство (ЕП), а своја улога во победата имаше и голманот Џордан Пикфорд.

Пикфорд беше одличен меѓу стативите на репрезентацијата на „Гордиот Албион“ и запиша неколку добри интервенции, посебно тие против Тимо Вернер и Каи Хаверц.

Голманот на Евертон благодарение на неговите одлични одбрани стигна и до рекорд стар 55 години, односно Англија не прими гол на првите четири натпревари на Европските и Светски првенства само во далечната 1966 година, а ова е вторпат да им успее такво нешто.