Пикси одговори по нападите: Не сум алкохоличар!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси одржа прес-конференција пред настапот во лигата на нации.

Тренерот често добива критики од јавноста, а посебно истите се засилија по откажувањето на дел од фудбалерите од репрезентативниот дрес.

„Јас додека сум бил селектор, никогаш немало физички конфликт. Постоеле вербални проблеми, но ништо посериозно. Ниту сум поддржувач на алкохол, ниту пијам, иако некои сакаат да ме направат алкохоличар“, кажа Пикси.