Пиоли: Како можеше Жиру да биде во офсајд, кога лежи на терен?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан загуби со 0-1 на „Сан Сиро“ од Наполи со голот на македонскиот фудбалер Елиф Елмас, иако во завршницата на натпреварот Франк Кеси погоди, но голот беше поништен поради офсајд.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли се изнервира поради поништениот гол на Кеси во последните минути од средбата.

Голот беше поништен поради офсајдот во кој беше Оливие Жиру, а Пиоли смета дека не требало воопшто да биде досуден.

„Ќе кажат дека офсајд позицијата на Жиру е активна. Но, ако играчот лежи на земја како може да му пречи на одбранбениот фудбалер? Според мене тоа беше регуларен гол. Изгубивме во натпревар во кој не бевме надиграни“, кажа Пиоли.