Пиоли: Ливерпул е агресивен, ама ние сме Милан и одиме на победа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан конечно се врати во Лигата на шампиони (ЛШ) по долга пауза, а сега се најде во група заедно со Ливерпул, Атлетико Мадрид и Порто.

Нема да им биде лесно на „росонерите“ на почетокот на групната фаза затоа што играат против Ливерпул, но тренерот Стефано Пиоли порача дека Милан ќе оди на победа.

„Мора да бидеме добри на теренот затоа што Ливерпул е секогаш агресивен, а ние пораснавме како тим минатата година. Сакаме да испишеме историја во Лигата на шампиони. Мора да играме на високо темпо во Италија и Европа. Ние сме Милан и ќе одиме на победа против Ливерпул, а дури и да не успееме, сепак нема да се браниме и ќе играме офанзивно“, вели Пиоли.