Пиоли најави големи работи: Ние сме Милан, нашите амбиции се јасни!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Милан конечно се пласираше во Лигата на шампиони, но на ждрепката немаше многу среќа затоа што падна во група со Атлетико Мадрид, Ливерпул и Порто.

Иако групата е ептен тешка, сепак тренерот Стефано Пиоли вели дека амбициите на Милан се најголеми и најави големи работи.

„Добивме инспиративна и прилично тешка група, но ние сме Милан и логично е да имаме најголеми амбиции. Во група сме со клубовите со кои пишуваа историја, не треба да се напоменува дека екипите од оваа група заедно имаат 15 трофеи во Лигата на шампионите. Очекувавме вакво нешто, ќе се обидеме да направиме големи работи“, кажа Пиоли.