Пиоли: Овие момци ме прават среќен тренер!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Милан го надигра вечниот градски ривал Интер со 3-2 во возбудлив натпревар, а тренерот Стефано Пиоли имаше само пофални зборови за неговите избраници.

Пиоли кажа дека групата на фудбалери не прекинува да го изненадува и да го прави среќен тренер.

„Многу сум задоволен. Доминиравме 70 минути против Интер. Овие момци продолжуваат да ме прават среќен тренер. Ме изненадува нивната желба, енергија, талент и решителност да учат. Јас сум дефинитивно среќен тренер“, кажа Пиоли.

Милан има 11 бода на табелата и се наоѓа на делба на првата позиција со Наполи, додека зад нив се Рома и Аталанта со по 10 бода и еден меч помалку.