Пиоли: Секоја наша грешка беше казнета од ПСЖ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан го доживеа првиот пораз во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ) на гостувањето кај ПСЖ со 0-3.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли вели дека парижаните ги искористиле сите грешки на „росонерите“ и заслужено победиле.

„Мислам дека во првото полувреме ги исполнивме очекувањата. По 60 минута следеше пад во играта, но не можам да им замерам на моите играчи. ПСЖ беше подобар на теренот и ги искористи сите наши грешки. Ова треба да ни биде мотивација да се претставиме подобро во следните натпревари“, кажа Пиоли.