Пирло: Е ова е вистинскиот Јуве!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус славеше со 2-1 против Интер во првиот меч од полуфиналето на италијанскиот Куп, а тренерот Андреа Пирло беше задоволен од настапот на неговите фудбалери.

Пирло кажа дека конечно Јувентус го покажал вистинското лице на теренот и заслужил победа против големиот ривал.

„Не личевме на себе во претходниот меч, но сега против Интер игравме како што треба. Не сме постигнале ништо засега, но може да се забележи дека сме сконцентрирани. Ова е нашето вистинско лице, ги знаеме нашите силни страни. Можеби победата против Наполи во Суперкупот беше пресвртна точка за нас“, кажа Пирло.