Пирло е убеден дека ќе остане тренер на Јувентус, но уште во понеделник би можел да добие отказ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андреа Пирло е убеден дека и следната сезона ќе остане тренер на Јувентус, иако такво нешто тешко дека ќе се случи затоа што тимот ја загуби битката за титулата, а сега се бори и за пласман во топ-4.

Пирло по победата во Купот на Италија од 2-1 кажа дека ќе остане во тимот.

„Ќе останам во Јувентус. Тука сум со задача, го сакам фудбалот, но на крајот раководството ќе реши како ќе биде. Јас би сакал да останам тренер. Играчите ме поддржуваат, заљубен сум во екипата“, вели Пирло.

Меѓутоа, Пирло би можел да добие отказ и тоа уште во понеделник. Италијанецот сака да остане барем уште една сезона, но лошите настапи на Јувентус најверојатно ќе му пресудат.