Пирло објави слика од Лондон и ги „запали“ навивачите на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал го има најлошиот старт во последните 67 години, откако по три кола запишаа три порази, а поради тоа отказ би можел да добие Микел Артета.

Шпанскиот тренер е во незавидна позиција, а очигледно Арсенал веќе размислува за негова замена.

Арсенал, наводно, го контактирал Андреа Пирло и тоа ќе останеше само шпекулација доколку Италијанецот не објавеше фотографија на социјалните мрежи.

Фотографијата предизвика бура од коментари, а навивачите на Арсенал го сакаат Пирло на тренерското место.

„Беше комплицирано и феноменално. Чувствата се различни, не заврши како што очекував, но одиме понатаму, време е за нови предизвици“, кажа Пирло.