Пирло од идната сезона се враќа во светот на фудбалот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андреа Пирло се пензионираше во 2017 година, а последен клуб, кадешто играше му беше Њујорк Сити, кој се натпреварување во американската МЛС-лига.

За време на блескавата кариера, Пирло настапуваше за Интер, Милан и Јувентус, во кој ја заврши својата авантура на Апенините.

„Калчомеркато“ пишува дека легенданриот Пирло се враќа во фудбалот, но овојпат во различна улога. Наводно, „Старата дама“ му понудила работа во младинската школа на тимот.

На ова место ќе го замени Мауро Ѕиронели, кој минатата сезона не постигна добри резултати со младинците.

Навивачите се среќни што Пирло повторно се враќа во италијанскиот шампион, а останува да видиме како ќе се прилагоди.