Пирло по дебаклот на Јувентус: Оставка? Нема шанси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус синоќа беше поразен од Милан со 0-3 на домашен терен во големото дерби од 35. коло во италијанската Серија А.

Тимот на Андреа Пирло одигра ужасен натпревар, а тоа го казнија гостите од Милано, кои направија чекор напред во борбата за Лига на шампиони (ЛШ).

Пирло по натпреварот ја прифати одговорноста за поразот, но верува дека неговиот тим одиграл многу подобар меч.

„Тимот изгледаше добро во текот на неделата. Имавме вистински пристап. Бевме убедени дека ќе одиграме одличен меч. Оставка? Не, нема шанси. Дојдов тука со голем ентузијазам и покрај потешкотиите. На располагање сум му на клубот. Имаме уште три натпревари и ќе останам додека можам“, кажа Пирло.