Пирло призна дека Роналдо го изненадил: Вакво нешто се случува првпат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус со победа во големото дерби против Интер (3-2) остана во игра за пласман во Лигата на шампиони и барем еден ден ќе биде на четвртото место.

Освен пет гола, гледачите можеа да забележат и несекојдневна сцена. Кога Андреа Пирло го повлече Кристијано Роналдо од игра, тој не се бунеше, туку мирно излезе од теренот и се поздрави со Алваро Мората.

„Мислам дека ова е првпат што е заменет. Имавме играч помалку, а тој не можеше да остане на теренот. Беше среќен и се смееше во соблекувалната“, вели Пирло.

Тренерот на Јувентус е под голем притисок и најверојатно ќе добие отказ, но тој вели дека не размислувал за иднината.