Пирло влегува во тренерските води, а веќе има и ангажман!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло почна тренерска кариера. Прославениот фудбалер на Милан и Јувентус ја заврши кариерата пред две години, а иако тврдеше дека нема намера да работи како тренер, очигледно го сменил мислењето.

Италијанските медиуми објавија дека Пирло ќе ја почне тренерската кариера во екипата до 23 години на Јувентус.

„Понудата ја доби Пирло уште претходно, а сакаше само малку време да размисли“, пишуваат медиумите.

Џанлука Ди Марцио тврди дека Пирло прифатил понуда и заедно со младите надежи на Јувентус ќе работи и неговиот поранешен соиграч Роберто Баронио, кој ќе му биде помошник.