Пјаниќ се јави на Инстаграм, а потоа Франческо Тоти го воодушеви со својот коментар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На дербито во Италија фудбалерите на Јувентус синоќа го поразија Интер со резултат од 2:1 во рамките на седмото коло од Серијата А.

Старата Дама со победата на лутиот ривал се проби до првото место каде и што се наоѓа во последните осум сезони по ред. Одличен натпревар синоќа одигра и Миралем Пјаниќ кој е во одлична форма.

Пјаниќ на теренот ги помина сите 90. минути и запиша асистенција кога беше постигнат првиот погодок на Јувентус. После натпреварот, Пјаниќ се огласи на Инстаграм, а коментар му остави и легендарниот Франческо Тоти.

„Во недела навечер нема сомнеж, танго“, напиша Пјаниќ посочувајќи кон тоа дека Аргентинците го решиле овој натпревар со своите погодоци.

На тоа доби коментар од Тоти кој искоментира дека Јувентус едноставно е за неколку нивоа над останатите, а Пјаниќ му врати на поранешниот соиграч дека тој му е идол.