Пјаца и Рог: Зад нас е натпреварот на кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалските репрезентативци на Хрватска Марко Пјаца и Марко Рог за натпреварот против Шпанија изјавија дека тоабил натпревар на нивните кариери.

Како што е познато, Хрватска ја совлада Шпанија и заврши на првото место во групата. Соиграчите од Динамо, Марко Пјаца и

Марко Рог, беа помеѓу петте нови играчи на кој Анте Чачиќ им даде шанса против Шпанија.

“Зад нас е натпреварот на нашите кариери”- изјавија двајцата после големата победа.

“Први минути на едно големо натпреварување и тоа против Шпанија, за мене тоа беше нешто посебно”– изјави Пјаца.
Рог откри како успеале да се снајдат после лошото отварање на натпреварот.

“Никогаш не треба да размислувате негативно. Кога успеавме да ги фатиме конците од натпреварот покажавме заедништво и карактер. не ја изгубивме вербата во себе дека можеме да дојдеме до победата”- изјави Пјаца.