Плата од соништата: Дончиќ ќе ги урне сите рекорди во НБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар од редовите на Далас маверикс, Лука Дончиќ е на добар пат да го добие најголемиот договор во историјата на НБА-лигата.

Доколку биде избран на Олстар-мечот, Дончиќ ќе добие максимален договор со Далас во вредност од 318 милиони евра, но со зголемување на „селари-кап“ тој ќе достигне до 367,5 милиони долари.

Словенецот ќе стане најплатен кошаркар во историјата и ќе го надмине рекордерот Стеф Кари, чија годишна плата е 51,9 милиони долари, а Никола Јокиќ заработува 47,6 милиони долари.