„Платете веднаш за Левандовски, не сакаме рати зашто Барселона нема да постои за две години“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на Баерн Минхен ќе го продаде Роберт Левандовски на Барселона ова лето само ако им бидат исплатени сите пари.

Полскиот напаѓач повеќе пати јавно кажа дека сака да си замине од Минхен, а Баерн ќе го продаде само ако добие 40 милиони евра.

Барселона веќе ги контактираше Баварците и се водеа преговори, но каталонскиот гигант сака за трансферот на Левандовски на рати, меѓутоа тоа не е прифатливо за германскиот шампион.

„Платете веднаш за Левандовски затоа што тимот нема да ви постои за една-две години ако продолжите вака“, кажа новинарот Рафаел Хонигштајн.

Барселона е во големи финансиски проблеми кои се обидува да ги реши Жоан Лапорта, но засега не му оди најдобро.