По 15 години откриена голема тајна на Модриќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ со години е еден од најдобрите фудбалери во светот. Тој има 38 години и го предводи Реал Мадрид во моментов, иако во минатото можел да го облече дресот на Барселона.

Поранешниот скаут на каталонскиот тим Бојан Кркиќ открива дека бил блиску до ангажаман на Хрватот, но Барселона на крајот се откажала поради Чави Ернандез и Андрес Иниеста.

Барселона не сакала да ја уништи нивната врска со ангажман на Модриќ, кој потоа се пресели во Тотенхем.

„Пред да потпише за Тотенхем, ми се јави Звонимир Бобан и ми кажа дека има играч за мене. Ми го посочи Модриќ и ме увери дека е добар за Барселона. Имавме состанок и бевме блиску до договор, но Барселона се откажа“, вели Кркиќ.