По само пет месеци: Динамо сака да го врати Адеми

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми пред пет месеци замина од Динамо Загреб, но хрватскиот шампион сега сака да го врати од Пекинг Гуан.

Динамо со новиот тренер Сергеј Јакировиќ е решен да состави моќна екипа која може да донесе нови успеси за тимот, а една од желбите е Адеми.

„Спортске Новости“ пишува дека Динамо сака да го врати Адеми, а денеска бил испратен и повик до Пекинг.

Адеми играше дури 13 години за Динамо пред да се пресели во Пекинг, но сега би можел да се врати во Хрватска на позајмица.