Почина легендарниот рекордер од светските првенства (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француските медиуми објавија дека починал еден од најдобрите голгетери во историјата на „триколорите“, Жист Фонтен на 89-годишна возраст.

Фонтен се прослави на Светското првенство (СП) во 1958 година, кога постигна 13 голови на Мундијалот, а тоа сè уште е рекорд.

Франција го освои третото место на Мундијалот, меѓутоа Фонтен ќе се памети и по неговите клупски настапи.

Фонтен го освои француското првенство со Ница, а дури трипати беше шампион со Ремс, каде што стана и рекордер со 34 постигнати голови за една сезона.