Почина српски репрезентативец – бил бркан од две лица и избоден со нож!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голема трагедија ја потресе Србија откако нивниот репрезентативец и освојувач на бронзен медал на Светското првенство во ММА, Стефан Савиќ синоќа бил убиен.

Инцидентот се случил по полноќ во Белград, а српските медиуми објавија дека две лица го бркале по караница пред ноќен клуб, по што еден од нив го избодел со нож.

„Со огромно жалење ве известуваме дека во раните утрински часови трагично почина нашиот млад репрезентативец Стефан Савиќ. ММА борец со неверојатен талент и посветеност, засекогаш ќе остане запишан во историјата со освојувањето на бронзениот медал“, соопшти ММА сојузот на Србија.