Почина таткото на Данте Егзум


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар и татко на Данте Егзум, Сепсил почина на 60-годишна возраст, откако пред неколку дена заврши во болница.

Сепсил студираше на Универзитетот од Северна Каролина од 1980 до 1984 година и беше дел од екипата на НЦАА која ја освои титулата со Мајкл Џордан и Џејмс Ворти.

Во 1984 година беше избран како 194. пик од Денвер нагетс, но потоа се повреди и мораше да замине во Австралија, каде што играше кошарка.