Почнаа тестовите во Бахреин: Ферстапен ќе вози на првиот ден за Ред Бул


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тестирањата пред почетокот на новата сезона во Формула 1 почнаа во Бахреин, каде што ќе се одржи првата трка од шампионатот.

Возачите ќе имаат три дена за да ги тестираат болидите, а програмата е поделена на два дела, и тоа од 8 до 12 часот, како и од 13 до 17.30 часот.

Секој тим може во одреден дел од тестирањата на патеката да има еден болид, па така на првиот ден за екипата на Ред Бул ќе вози само светскиот првак Макс Ферстапен.

Шампионатот во Ф1 почнува на 5 март со трката за Големата награда на Бахреин.