Подобро нека не му излегува пред очи: Ќе му влезам со лизгачки старт на Солскјер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман со нетрпение го очекува натпреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони.

Наглесман кој е голем навивач на Баерн Минхен, се уште не може да го преболи поразот од Јунајтед во финалето од Лигата на шампионите на 26.мај 1999 година.

Нагелсман тогаш имал 11 години, а посебно го памети Оле Гунар Солкјер, кој постигна гол во продолжението.

„Кога ќе го видам ќе му влезам со лизгачки старт. Бев несреќен по тоа финале. И мојот татко ме провоцираше, тој е голем навивач на Борусија Менхенгладбах. Беше среќен поради поразот на Баерн““, се пошегува Нагелсман.