Погледнете ги головите на Рајс кои го „покосија“ Реал Мадрид (Видео)

Во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Арсенал на стадионот „Емирати“ го победи актуелниот европски шампион Реал Мадрид. Лондонскиот тим одигра одлично, победувајќи го Реал со 3:0 со головите на Деклан Рајс од слободни удари во 58. и 70. минута, и Микел Мерино (75). Погледнете ги најдобрите моменти од натпреварот.

Фото: Arsenal/FB