Покетино: Ако не ме сакаат фудбалерите, ќе заминам веднаш!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Падот на Челси почна по освојувањето на Лигата на шампиони (ЛШ) во 2021 година и заминувањето на рускиот милијардер Роман Абрамович.

Челси се соочува со еден од најтешките периоди во историјата, а во моментов се наоѓа на 11. место во Премиерлигата.

Тренерот Маурицио Покетино често добива критики поради лошите резултати, па поради тоа реши да испрати јасна порака.

„Мора да ги прашате фудбалерите дали се среќни со мене. Ако повеќе не ме сакаат и мислат дека може некој друг тренер да биде подобар, тогаш јас ќе разговарам со претседателот на клубот и ќе заминам“, кажа Покетино.