Покетино: Јас сум виновен, но и фудбалерите треба да преземат одговорност!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурицио Покетино има ужасни резултати со Челси, кој не забележа никаков напредок во однос на минатата сезона без разлика на големите инвестиции од газдата Тод Боели.

Покетино призна дека заслужиле пораз против Вулвс, но ги критикуваше и своите фудбалери кои мора да преземат одговорност.

„Не бевме сите доволно добри. Јас сум виновен, покажавме дека не сме на вистинско ниво. Сепак, и фудбалерите мора да преземат одговорност. Мора да продолжиме со работа и да се обидеме да ги промениме работите за подобра иднина“, кажа Покетино.