Покетино: Мора да разберете дека не сме Челси од пред 20 години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурицио Покетино е под голем притисок поради лошите резултати со премиерлигашот, а со најновата изјава дополнително ги налути навивачите.

Покетино по победата против Астон вила во ФА-купот кажа дека овој Челси не е истиот како тој од пред 20 години.

„Мора да разбереме дека не сме Челси од пред 20 години. Мора да продолжиме понатаму и да работиме на овој проект. Не ми е грижа дали луѓето се среќни или не поради мојот говор. Сакам да му помогнам на мојот тим“, кажа Покетино.