Покетино му „фрли око“ на фудбалер на ПСЖ

Новиот тренер на Челси, Маурицио Покетино доби неколку засилувања ова лето, но очекува уште фудбалери за да ја нападне титулата во Премиерлигата.

Покетино разговарал со газдата Тод Боели и му кажал дека сака да го ангажира аргентинскиот интернационалец од ПСЖ, Леандро Паредес.

Паредес минатата сезона ја помина на позајмица во Јувентус, но калчолигашот не сакаше да го откупи неговиот договор.