Покетино се изнервира: Следниот пат сите ќе „летате“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси го прегази Евертон со 6-0 во мечот од 33. коло во англиската Премиерлига, а пред петтиот гол се случи инцидент кога дел од фудбалерите се скараа кој да изведе пенал.

Тренерот на Челси, Маурицио Покетино по натпреварот даде коментар за инцидентот меѓу Кол Палмер, Николас Џексон и Нони Мадуеке.

„Сите се свесни дека Кол Палмер е прв изведувач на пенали. Ова е срамно и ме вознемири. Во соблекувалната зборувавме за тоа како се претставуваме. Не можеме да испратиме ваква слика за нас. Им кажав дека последен пат толерирам вакво нешто. Следниот пат ќе ги избркам сите. Ова не е шега“, кажа Покетино.