Полицајци го сликале телото на Коби Брајант, па ги покажувале сликите и се смееле!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сопругата на легендарниот кошаркар Коби Брајант, Ванеса ја бара правдата за нејзиниот сопруг кој загина во хеликоптерска несреќа во јануари 2020 година.

Адвокатот на Ванеса кажа пред Судот во Лос Анџелес дека полицајците кои се под надлежност на шерифот и пожарникарите стигнале на местото на падот на хеликоптерот, по што го сликале телото на Коби.

Американските медиуми пишуваат дека Ванеса тужи поради нанесена душевна болка, а по несреќата се појавија информации дека полицајците ги споделувале фотографиите и се смееле на нив.

Ванеса претходно доби понуда од државата да се договори за 2,5 милиони долари, но таа не се откажува и ја бара правдата за Коби.