Полиција влета во тренинг-кампот на италијански гигант, му се заканува исфрлање од Серија А?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ниту една фудбалска сезона во Серија А не може да мине без некаков проблем. Лацио би можел да биде исфрлен во Серија Б доколку се покаже дека ги лажирал тестовите за ковид-19 кои фудбалерите ги направија во претходните денови.

Доцна синоќа италијанската полиција влезе во тренинг-кампот на Лацио, како и во лабораторијата „Футура Диагностика“, каде што се тестирале фудбалерите.

Постои сомнеж дека некои тестови не се точни и дека се крши протоколот против ширењето на ковид-19, поради што е почната истрагата.

Лацио би можел да биде казнет парично, но и да биде исфрлен од Серија А поради ширење на пандемијата.