Полиција запре автомобил, а во него бил легендарен кошаркар: Се извинуваме господине…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу спортски ѕвезди имаат статус на легенди во градовите во кои оставија голема трага, а така е и со познатиот Мајкл Џордан кој во текот на кариерата настапуваше за Чикаго булс.

Џордан ќе остане запаметен засекогаш во Чикаго, а за тоа каква ѕвезда бил сведочи и неговиот поранешен соиграч Чарлс Оукли.

„Секогаш одевме заедно, а една ноќ решивме да се возиме по автопат. Постојано ја зголемуваше брзината и достигна до 240 км/ч, а во следен момент нè запре полиција. Имаше околу 20 автомобили кои сакаа да нè запрат. Застанавме, а потоа слушнав како некој му се извинува на Џордан“, открива неговиот поранешен соиграч.