Полицијата приведе еден комита и чкембар, оштетени неколку автобуси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еурофарм Пелистер го доби големото македонско дерби против Вардар во „Јане Сандански“, а мечот го одбележаа и немили сцени на трибините, но и по натпреварот.

Сенка на триумфот на битолскиот тим од 24-23 фрли пресметката на навивачите на двата клуба, при што мораше да интервенира полицијата.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека се приведени двајца навивачи, и тоа по еден од Скопје и Битола, додека биле оштетени четири автобуси.

„Полициските службеници во полициска станица ги приведоа Д.А.(43) и Т.Г.(37) и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Оштетени се два автобуси со прилепски регистарски таблички, како и две со битолски таблички“, соопштија од МВР.