Помагајте, доаѓа Меси: Ван Дајк бараше помош од соиграчите за да го запре Аргентинецот (ВИДЕО)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Најдобриот фудбалер во Премиерлигата и дефанзивец на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, беше критикуван од навивачите по катастрофалниот настап во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони, кој го доби Барселона со 3-0.

Фудбалерите на Ливерпул си имаа големи проблеми против Лионел Меси, кој постигна два гола и никој не можеше да го запре.

Во центар на внимание е Холанѓанецот, кој не можеше да го запре Аргентинецот, па во некои моменти делуваше изгубено, а на социјалните мрежи се појави и сцена кога Ван Дајк бара помош од соиграчите за Меси.

Секако, тоа не беше единствена шега на сметка на дефанзивецот бидејќи навивачите се пошегуваа и за моментот при првиот погодок.

„Ван Дајк се обидува подобро да види што прави Меси“, се шегуваат навивачите.