Помина една година откако Коби почина во хеликоптерскиот пад! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коби Брајант го напушти светот пред една година, откако неговиот хеликоптер се урна, а во леталото беа уште девет лица кои ги загубија животите.

Трагедијата се случи на 26 јануари, а заедно со Коби почина и неговата 13-годишна ќерка Џиана. Тие тргнаа кон спортската академија на натпревар, но никогаш не стигнаа до конечната дестинација.

Навивачите на Коби се збогуваа со легендата на Лос Анџелес Лејкерс на 24 февруари во „Стејплс центарот“ и оставија многу предмети кои беа поврзани со кошаркарот.

Коби цела кариера ја помина во дресот на Лејкерс, каде што 18 пати беше дел од Олстар-викендот, а со неговиот тим освои пет шампионски прстени и двапати беше најдобар стрелец во лигата.