Понуда што не се одбива: Милан ќе ја наполни касата на Црвена Звезда

Црвена Звезда во зимскиот преоден рок би можела да заработи многу пари од продажба на еден од најталентираните играчи.

Српските медиуми пишуваат дека Марко Лазетиќ е интересен за италијански Милан, кој е подготвен да плати пет милиони евра за услугите на фудбалерот.

Понудата е веќе испратена до Белград, па се чека повратен одговор од Ц. Звезда, каде што Лазетиќ е дел од првиот тим, но и младинците кои играат во Лигата на шампиони (ЛШ) за млади.

Лазетиќ во март потпиша професионален договор со матичниот клуб, а од тогаш во првиот тим запиша пет настапи додека за младинската екипа игра со две години постари играчи, па сега би можел и да му донесе голема заработка на тимот од Белград.