Пораката за Феликс од Лондон е јасна!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маурицио Покетино доаѓа во Челси и реши веднаш да направи големи промени, односно се шпекулира дека 15 фудбалери ќе заминат од клубот.

Еден од нив е португалскиот репрезентативец, Жоао Феликс кој кажа дека сака да остане во Лондон, но така не мисли и Покетино.

Претседателот на Атлетико, Енрике Серезо вчера кажа дека Челси не сакаат да го откупат договорот на Феликс, а денеска повтори дека пораката од Лондон за младиот и талентиран фудбалер е повеќе од јасна.

Покетино наводно планира да купи само три засилувања, односно нов голман, фудбалер за врска и напаѓач, додека од останатите играчи е задоволен.