Поранешен фудбалер на Милан си го одзема животот и остави писмо во кое даде објаснување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанската јавност вчера беше изненадена поради веста дека поранешниот младински фудбалер на Милан, Сеид Висин, си го одземал животот.

Италијанските медиуми објавија дека Висин бил пронајден во неговиот дом, откако никој од семејството и пријателите не можеле да го контактираат.

Полицијата влегла во станот во кој живеел младиот фудбалер и таму го пронашла телото на поранешниот фудбалер, кој си го одземал животот.

Висин играше во младинските категории на Милан и беше во генерација заедно со Џанлуиџи Донарума, но пред неколку години се откажа од фудбалот и почна да работи како келнер.

„Кориере дело Спорт“ објави детали од инцидентот и писмото кое го оставил поранешниот фудбалер.

„Секогаш се соочувам со проблеми поради мојата боја на кожа. Не сум мигрант, посвоен сум кога бев дете и се сеќавам дека сите ме сакаа. Сепак, тоа се промени. Најдов работа, но морав да ја напуштам затоа што премногу луѓе одбиваа да земам нарачка поради мојата боја на кожа. Не ми беше лесно зашто ме обвинуваа дека крадам“, напишал Висин.